Search

На гробишта во Рим пронајден килограм кокаин

Италијанската полиција пронашла повеќе од еден килограм кокаин на гробишта во Рим, а под сомнение дека е поврзан со пронајдената дрога, уапсен е 42-годишен каменорезец.

Полицијата соопшти дека нејзините припадници во цивилна облека влегле на римските гробишта Верано откако претходно забележале автомобил кој со голема брзина влегол на гробиштата.

Од автомобилот излегол возачот кој со трчање влегол во капелата, каде полицијата подоцна пронашла кокаин, а неколку метри понатаму пронашле и пиштол и муниција, објави агенцијата АП.

Возачот на автомобилот бил идентификуван како каменорезец, кој е уапсен под обвинение за шверц на дрога и нелегално поседување  оружје.

Треба да знаете
Последни објави