Search

На граничниот премин Долно Блаце приведен Косовец кој се барал со меѓународна потерница

Во текот на вчерашниот ден на граничниот премин Долно Блаце од страна на надлежните било приведено едно лице на возраст од 26 години, со иницијали А.С., за кое претходно била издадена и меѓународна потерница, информираа од полицијата.

Во 17 часот и 45 минути лицето е предадено на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка за понатамошна постапка, се вели во соопштението од полицијата.

Треба да знаете
Последни објави