Search

На ГП „Табановце“ се чека 40 минути

Зголемена е фреквенцијата на возила на ГП Табановце за влез и за излез од државата, а времето на чекање е околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информира изутринава АМСМ. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Треба да знаете
Последни објави