Search

На ГАК родено бебе позитивно на Ковид 19, корона има и мајката

Третиот брис и на родилка и на бебето е позитивен на Kовид-19, потврдија од Клиниката за гинекологија. Бебето и мајката се во добра клиничка слика, немаат симптоми на Kовид-19 и денес ќе бидат испишани од Клиниката по што ќе останат во домашна изолација, објави Телма.

Сега се истражува дали можеби плодот се заразил уште во утробата или од мајчиното млеко, со што тоа би било првото бебе на кое има вертикална трансмисија што до сега не беше потврдено дека е можно за овој вирус.

Од Клиниката велат дека имало контакт мајка-бебе со комплетна заштита, но дека не било започнато доење. Засега не се знае како бебето се заразило, а мајката имала негативна епиодемилошка анкета.

Кај бебето сите три теста биле позитивни, додека кај мајката првиот тест бил двојбен – позитивен само на еден од двата антигена, вториот негативен, а третиот позитивен.

Пациентката е 36-годишна и на 24 септември е спонтано породена во одделот за изолација на ГАК, поради брзиот ПЦР тест кој се покажал двојбен. По вториот нејзин тест кој бил негативен, направен во Институтот за јавно здравје, таа е пренесена во изолација на друг оддел поради нејзината хронична болест – хепатит Б.

Треба да знаете
Последни објави