Search

На Вељановски не му е одземен имунитетот, не беше приустен пратеникот од ДУИ

Вељановски не оди во притвор, не беше приустен пратеникот од ДУИ

Собраниската комисија за мандатно-имунитетни прашања со 4 спрема 4 гласа, не изгласа да му предложи на Собранието да му се симне пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски, за кого судија на претходна постапка побара притвор. Тој е еден од шестемина осомничени во најновата истрага на Обвинителството за организиран криминал, за нарачување и организација на нападот на Собранието на 27 април 2017 година, демолирање на законодавниот дом и претепување на пратеници.

Во моментот на гласањето доцна во сабота навечер не беше приустен пратеникот од ДУИ, односно од владејачкото мнозинство Агим Шаќири.

Истрагата против осомничениот Вељаноски тој ќе ја чека на слобода. Осомничени нарачатели се и поранешниот премиер Никола Груевски и разузнавачот Никола Бошковски кои се во бегство поранешниот министер Миле Јанакиески, кој од вчера е во домашен притвор, поранешниот министер Спиро Ристовски кој е во притвор и ексдиректорот на УБК Владимир Атанасовски, кој исто така е во притвор.

Треба да знаете
Последни објави