Search

На Верстапен може да му биде одземена титулата!?

Познатиот италијански весник „Газета дело Спорт“ вечерва објави ексклузивна информација која би можела да ја здрма „Формула 1“.

Како што пренесуваат Италијанските Светската автомобилска федерација (ФИА) ќе отвори истрага против Ред Бул поради сомневање дека го надминале буџетот во минатата сезона.

Ако се покажат како точни сомнежите акутелниот шампион Макс Верстапен кој вози за Ред Бул би можел да остане без титулата шампион минатата година. Челниците на ФИФА би требало да се огласат во наредните неколку дена после оваа информација.

Бројката која Ред Бул не смеел да ја надмине е 130 милиони евра, а ако цифрата е надмината за пет милиони евра би поминале со помала дициплинска казна, но ако е поголема тоа би можело да донесе големи проблеми за Верстапен.

И шефот на Мерцедес, Тото Волф, вели дека ривалите од Ред бул рејсинг се предмет на истрага за прекршување на правилата за ограничен буџет во Формула 1 веќе неколку месеци. Во петокот повеќе медиуми јавија дека лидерите во генералниот пласман на Ред бул, заедно со Астон Мартин, се под истрага за прекршување на финансиските правила, нешто што тимовите го демантираа, но Волф вели дека истрагата трае неколку месеци.

Верстапен сезонава е на чекор да ја одбрани титулата. Во овој момент е лидер на генералниот пласман со 335 бодови, 116 повеќе во однос на второпласираниот Шарл Леклер.

До крајот на шампионатот останаа уште шест трки, а наредната се вози оваа недела во Сингапур.

Треба да знаете
Последни објави