Search

На Бекер му се заканува казна од седум години затвор

Поранешниот германски тенисер Борис Бекер може да заврши во затвор поради неподмирен данок. Судскиот процесот против Бекер се води во Лондон. Тениската легенда Бекер банкротираше во 2015 година поради долгот што го имал кон банкарската компанија „Arbuthnot Latham & Co“.

Бекер направил пропусти во пријавувањето на својот имот, поради што би можел да биде суден на седум години затвор. Тој пред судот се изјаснил дека не е виновен. Бекер изјавил дека го подмирил долгот од 3.900.000 евра, но стечајниот управник не бил задоволен.

Судот решил дека Бекер може да продолжи да се брани од слобода до следното рочиште кое е закажано за 22 октомври.

Треба да знаете
Последни објави