Search

На барање на вицепремиерот Николовски нови разрешувања на Тозија и Хајредини

Љупчо Николовски продолжува принципиелно како што започна, етичкиот Кодекс мора да се почитува, време е за ред, правда и дисциплина.

Од наши извори дознаваме дека вечерва на седница на Владата, на предлог од Вицепремиерот за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски Владата ги разрешила директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија и В.Д. директорот на Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на Република Северна Македонија, Шпенд Хајредин.

Разрешувањето доаѓа по основани сомневања дека овие лица сториле злоупотреба на службената положба и овластувања и го прекршиле Етичкиот кодекс за однесување на функциониери. Разрешување и одговорност за Тозија беше побарано и од Државната комисија за спречување на корупција. Според наводите на Антикорупциска, Тозија како службено лице не постапил согласно законот за спречување на корупција и судир на интереси. Со тоа тој сторил повреда на членот 63 став (1) кој вели дека службеното лице е должно одлуките да ги донесува совесно, водејќи сметка за начелото на законитост и членот 67 став (1) во кој се определува дека службеното лице не смее да ја злоупотреби службената положба за остварување на корист.

Според наодите на ДКСК директорот на Агенцијата за филм во периодот од 20 до 23 Март доделил средства на 27 филмски проекти без предходна банкарска гаранција која според законот и според Договорите за финансирање на филмски проекти, како што смета ДКСК потребно било да се достави за секоја фаза од реализација на проектот. Останува фактите да се утврдат во транспарентна постапка.

Во однос на случајот со Шпенд Хајредин, и тука ДКСК има поднесено иницијатива за негово разрешување заради основани сомневања дека Хајредин во својство на одговорно лице сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик на РСМ и член 353 в од Кривичниот законик.

Според информациите Хајредин се сомничи дека во својство на член на Комисија за издавање на деловен простор под закуп, без правен основ, по спроведена незаконска постапка, склучил договори за закуп на објекти со закупци, без претхдно утврдени критериуми за утврдување на проценета вредност на објектите од овластен проценител како основа за почетна закупнина. Има и други информации кои треба да се истражат и да се утврдат врз основа на транспратена постапка која со овој потег на Владата се дава шанса.

Треба да знаете
Последни објави