Search

Балканот продолжува со олабавувањето на мерките против коронавирусот

Балканот продолжува со олабавувањето на мерките кои беа воведени во битката со пандемијата против коронавирусот. Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора ги кренаа граничните рампи.

Во БиХ од денеска се отворени границите за граѓаните на Хрватска, Србија и Црна Гора. Тие можат да влегуваат во БиХ без никакви ограничувања поврзани со тестирањата околу коронавирусот.

Отворени се и аеродромите во Сараево, Тузал и Мостар за меѓународен сообраќај со почитување на одреден режим, а пуштен е и железничкиот сообраќај со примена на мерки за заштита.

Косово ја спроведува третата фаза од олабавувањето на мерките која опфаќа отворање на копнените граници со сите соседни земји. Но, сите патници кои ќе влегуваат во земјата ќе бидат обврзани да направат лекарска контрола на самите гранични прелази. Секоја граѓанин со негативен тест за коронавирусот не постар од четири дена нема да треба да оди во самоизолација, додека пак тие кои ќе бидат без тестови ќе мораат да помината седум дена во карантин. Оваа мерка на претпазливост ќе трае до 20 јуни.

Србија која прва ги крена граничните рампи од денеска дозволува и собирања на отворен простор до 1.000 луѓе, што занчи дека на спортските натпревари, фудбалските ќе може да има публика. Кога станува збор за затворен простор максималната бројка на групите не може да биде поголема од 100 лица. Од денеска па до 31 август Србија дозволи реализација на училишните екскурзии и наставата во природа.

Црна Гора  од полноќ ги отвори границите со соседните држави, но остана на сила мерката дека во карантин нема да одат само граѓаните кои доаѓаат од државите каде бројот на инфицираните со короанвирусот е помал од 25 случаји на 100.000 жители.

Во оваа земја од денска ќе бидат дозволени и сите јавни собири, како свадби, погреби, спортски натпреаври, но со присуство на најмногу 200 лица кои пак ќе треба да ги почитуваат мерките на физичка дистанца.

Дозвола за работа добија и ноќните клубови, барови, детските игротеки, оддека пак градинките ќе бидат отворени на 4 јуни.

 

 

Треба да знаете
Последни објави