Search

На „Адмирал Кузњецов“ пронајдено уште едно безживотно тело

На местото на пожарот на рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“ пронајдено е безживотното тело на еден офицер, соопшти руската Северна флота, пренесува ТАСС.

Како што се наведува, по офицерот се трагало од самиот почеток на инцидентот. Утврдено е дека по избивањето на пожарот, тој решил да се спушти во делот од бродот кој бил зафатен од огнот за да помогне во евакуацијата на работниците.

Од Северната флота наведуваат дека ова е второ пронајдено тело од пожарот.

Пожарот на „Адмирал Кузњецов“, кој изби во текот на изведувањето на работите за ремонт на бродот во пристаништето во Мурманск беше изгаснат утринава, соопштија од оперативниот штаб на Службата за вонредни ситуации.

Треба да знаете
Последни објави