Search

Најчести грешки кои ги правиме во врска со појадокот

Појадокот е најважниот оброк во текот на денот, па затоа потрудете се по секоја цена да ги избегнувате следниве грешки.

1. Го прескокнувате појадокот

Ова е класична грешка која луѓето ја прават поради недостаток на време, или со надеж дека на тој начин ќе ослабат. Ако веќе навистина немате време, подгответе си го појадокот претходната вечер или барем одлучете што ќе јадете наутро.

2. Јадете премногу

Општо е познато дека појадокот треба да биде најобилниот оброк во текот на денот, но тоа не значи дека треба да јадете како тоа да не сте го правеле со денови, а посебно не ако појадокот ви е полн со нездрави намирници.

3. Секој ден јадете иста работа

Знаеме дека е исклучително практично само да истуриме овесни снегулки во чинија и да ги полиеме со млеко, но на тој начин на вашето тело ќе му ги скратите потребните хранливи материи. Ако немате време наутро, можете и во текот на викендот да си испланирате мени, во кое ќе бидат вклучени најразлични видови на храна.

4. На крајот од појадокот пиете чашка вода или овошен сок

Веројатно веќе знаете дека на својот организам би му направиле голема услуга, доколку добро го соџвакате секое залче пред да го голтнете. Меѓутоа, ако после појадокот се напиете чашка вода, сок, кафе или чај, во тој случај значително ќе го намалите варењето. Почекајте околу 30 минути по појадокот, па потоа напијте се течност.

5. Јадете додека одите на работа

Поголемиот дел од луѓето се будат 15 до 30 минути пред да излезат од дома, па ќе купат нешто од околната пекара и ќе јадат на пат кон работа. Оваа нездрава навика не само што има негативно влијание за желудникот, туку постои веројатност дека набргу повторно ќе бидете гладни, па на тој начин ќе претерате со појадокот.

Треба да знаете
Последни објави