Search

Најубавата жена на светот протестира против насилството во Палестина: непрепознатлива во етно облека

Манекенката и најубава жена на светот, Бела Хадид, која има палестинско потекло, се појави на протестите што се одржаа во Њујорк.

Малкумина ја препознаа манекенката во толпата, таа беше во традиционална палестинска облека, со традиционална шамија на главата и преку устата, и го вееше нивното знаме.

Таткото на Бела, Мухамед е од Палестина, а таа на својот инстаграм-профил сподели снимки од протестот, врз основа на кои многумина дознаа дека таа се наоѓа меѓу стотици луѓе.

„Онака како што чувствува моето срце … Да се ​​биде близу до толку убави, паметни, почитувани, драги, љубезни и дарежливи Палестинци на едно место носи чувство на целосност! Ние сме ретка раса!“, напиша манекенката.

Треба да знаете
Последни објави