Search

Најубавата бенгалска мачка во светот

Се чини дека смарагдно зелените очи на бенгалскиот Тор магепсаа многумина. Имено, оваа мачка ги воодушевува со својот изглед дури и оние кои не сакаат мачки. Кој би му одолеал на прекрасното крзно како бенгалски леопард и на зелените очи?

Хибриди на големи мачки можеа да се најдат во европските зоолошки градини уште на почетокот на 19 век. Она што се покажа како непрактично за зоолошките градини, сепак беше пренесено во светот на малите мачки. Со сè поголем ентузијазам се разививаат раси на мачки преку парење на видови диви со домашни мачки.

Најпознат пример е бенгалската. Тоа беше резултат на вкрстување на питома, црна домашна мачка и дива азиска леопард мачка.

Поточно, потеклото на оваа раса доаѓа од САД. Таму, генетичарката Џин Мил првпат се обидела да вкрсти азиска леопард мачка со домашна мачка во 1963 година. Целта било да се создаде питома домашна мачка која импресионира со оригиналниот изглед на своите предци. Резултат: раса мачки која маѓепсува со издолжениот раст и посебната боја на влакното – во зависност од тоа колку се блиски со своите диви роднини.

„Дивите“ шари на овие мачки се навистина импресивни. Со хоризонтално распоредени точки, розети и посветол стомак, наликува на своите диви предци. Нозете на повеќето од нив се со пруги. Бенгалската мачка доаѓа во основни бои: портокалова, златна, темно жолта и песок боја, често со „сјај“. Најбарани се „пегавите“ бенгалски мачки со големи флеки слични на леопард. Двобојните точки се различни од еднобојните.

Бенгалските мачки можеби на прв поглед изгледаат како мини леопарди, но тие всушност се една од најмладите раси на мачки во светот. Во однос на карактерот, тие немаат многу заедничко со своите диви предатори, бидејќи бенгалските мачки се исклучително пријателски и мили.

Симпатичните бенгалки знаат и визуелно да маѓепсаат. Една од нив е Тор, која често ја нарекуваат најубавата од својот вид на светот. Погледнете го овој симпатичен мал „тигар“.

 

Поради распоредот на шарите, потсетува на див предатор, само во минијатурна варијанта. Овие енергични мачки, за разлика од другите, обожаваат вода и многу се игриви.

Треба да знаете
Последни објави