Search

Најтажна слика од кобниот лет: И испратил селфи на сопругата половина час пред смртта

Најтажна слика од кобниот лет: И испратил селфи на сопругата половина час пред смртта

Еден оа патниците кои настрадаа во падот на индонезиската компанија „Лајон ер“ во кој животот го загубија 189 патници, на својата жена и испратил селфи кратко пред трагедијата.

Дерил Фида Гебријанто (22) сликата ја испратил во 6.01 часот, по локално време, а кратко време потоа авионот кој тргна од Џакарта се урна во море.

На сликата ова момче носи хируршка маска, а сликата и ја испратил на сопругата Луфтиани Ека Путри (23) со која се венчал две недели претходно, а со која требало да се состане за да отпатуваат на крстарење.

Според нејзините зборови тој и испраќал пораки до 6.12 часот, а по 6.15 престанал да одговара.

Индонезиската телевизија емитуваше снимки на кои се гледа истечено гориво и остатоци од леталот.

Ова е најлоша авионска несреќа во Индонезија откако авионот на „Ер Ејжа“ од Сурабаја кон Сингапур се урна во море во декември 2014, кога загинаа 162 лица колку што имало во леталото.

„Лајон ер“ е една од најмладите и најголеми авиокомпании во Индонезија.

Треба да знаете
Последни објави