Search

Најтажната фотографија на кралицата Елизабета: Животот мора да заврши, љубовта не

Oтсекогаш имало разни теории на завери околу тоа како кралицата и принцот ги „одржуваат“ во живот, безброј шеги на нивна сметка, па дури и кладби за тоа колку ќе живеат.

Принцот Филип живееше 99 години.

Кралицата пак, има 94. А 73 години биле во брак.

Повеќе биле заедно отколку што биле сами.

Можете да ја сакате или не Елизабета Втора и целото британско кралско семејство, но моментот кога таа се разделува од човекот со кој делела живот повеќе од седум децении, буди дури и кај најповршните набљудувачи грутка во грло.

Не, бидејќи заминува некој големец, не бидејќи една кралицата останува сама, туку бидејќи гледаме дека збогувањето со љубовта ги крши и оние за кои многупати сме сметале дека се безмилосни.

Фотографијата на која Елизабета седи сама во капелата со отсутен поглед, веројатно е најтажната фотографија од погребот на принцот Филип.

Тоа не е само фотографија на кралица која го изгубила својот сопруг.

Гледаме жена која целиот свој живот била опкружена со луѓе, блиски и оние што тоа сакале да бидат – искрено или од интерес, желба за моќ – а сега е сама.

Но, тоа е фотографија која воедно е огледало на она што го живееме особено последниве години…

Преземено од Fashionel

Треба да знаете
Последни објави