Search

„Најстари приказни” од Томислав Османли

„Најстари приказни” е нова книга на Томислав Османли во издание на „Либи” (дел од Арс Ламина публикации”), која содржи митови од архајскиот период на медитеранските култури, наративи дојдени преку грчката култура и писменост или создадени во неа.

Според авторот Османли, раскажувањето на најстарите приказни од мугрите на западната цивилизација појавени на нејзините источни хоризонти, започнува со митот за подемот и за пропаста на митскиот континент Атлантида, за војната меѓу титаните и олимписките богови, како и со богатиот сказ за Прометеј, таткото на човечкиот род и покровителот на човештвото, сурово казнет од боговите токму поради своето човекољубие.

– Тоа се сугестивно, економично и едновремено прецизно, со многу податоци, ликови на митски херои и перипетии, прераскажани најстарите приказни на западната цивилизација. Книгата продолжува со повестите за чудесното раѓање на Херакле и за неговите дванаесет подвизи, потоа за пловидбата на аргонавтите и нивната потрага по волшебното златно руно, митот за Персеј, застрашувачката горгона Медуза, величествениот коњ Пегаз и за спасувањето на принцезата Андромеда, како и други архаични митолошки сказни… Во оваа книга спаѓаат и прераскажувањата на наративите на Хомеровите епови „Илијада” и „Одисеја”, наведува авторот, чија цел е на јасен и автентичен начин на младите читатели да и им ги доближи најстарите приказни на западната цивилизација.

Книгата вклучува и речник на помалку познати зборови наменет за младите читатели, а ја носи и ознаката „Лесно читливо!”, што е препорака на Здружението за дислексија „Ајншајн” и на Филозофскиот факултет од Скопје.

Треба да знаете
Последни објави