Search

Најстарата жена во светот има 116 години, се буди во 6 часот и сака математика

Јапонката, Кане Танака, која има 116 години, сака математика и смета дека токму сега е најдобриот период од нејзиниот живот. Таа е прогласена за најстариот човек во светот, соопштија денеска претставници од Гинисовата книга за рекорди.

Кане Танака е родена на 2 јануари во 1903 година, кога браќата Орвил и Вилбур Рајт го имале првиот успешен авионски лет во историјата, што се смета за почеток на модерната авијација.

Официјалното влегување во Гинисовата книга на рекорди беше обележано во старечкиот дом во Фукуоака во западна Јапонија.

Кане во 1922 година се омажила за Хидео Танака. Родила четири деца, а едно посвоила подоцна. Јапонката се буди околу 6 часот, а попладне се занимава со математика или со калиграфија.

Јапонците се познати по долговечноста. Џироемон Кимура, кој почина во јуни 2013 година, имаше 116 година и долго време беше најстариот маж во светот. По него, таа титула ја презеде друг Јапонец, Масазо Нонака, кој имаше 113 години, а почина во јануари годинава.

Според претставниците на Гинис, рекордот во долговечност мора да биде официјално потврден.

Треба да знаете
Последни објави