Search

Најсмртоносен ден во Њујорк, за 24 часа починале 562 лица

Во Њујорк во последните 24 часа починале уште 562 луѓе од коронавирус, а ова стана најсмртоносниот ден во оваа сојузна американска држава, каде вкупниот број на починати се искачи на 2.935, соопшти гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо.

Тој предупреди дека луѓе ќе умрат на краток рок поради недостаток на респиратори и болнички кревети, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Куомо побара средства од други делови на Соединетите држави да бидат распоредени во Њујорк за да се помогне на земјата во растечката криза, за која што додаде дека уште повеќе ќе се заострува во текот на следната недела.

Треба да знаете
Последни објави