Search

Најскапото кафе на светот изнесува 75 долари по шолја, еве зошто е толку посебно

Една пржилница за кафе во Лос Анџелес нуди шолја од тој напиток за 75 долари и самата вели дека нејзиното кафе е најскапото кафе на светот.

Се објави дека  кафе наречено “Elida Geisha Natural 803” e најскапо на светот, а клучот е во името: бројката 803 се однесува на 803 долари, платени за половина килограм од ова кафе на аукција.

Кафето е продадено на аукција откако победило на натпревар за најдобро панамско кафе. Вкупно биле достапни само 50 килограми и тоа поттикнало жестоко лицитирање. Кафето било продадено на купувачи од Јапонија, Кина и на Тајван и на еден купувач од САД.

Конечниот купувач била токму калифорниската компанија  која набавила 5 килограми од ова кафе и сега го продава по цена од 75 долари по шолја во еден од своите кафулиња во Сан Франциско, но по претходна резервација за ваквото “искуство”.

Компанијата објавила на својата веб-страна дека кафето има цветен карактер и дека може да се почувствува арома на јагода, малина и боровница.

Треба да знаете
Последни објави