Search

Најскапи спорови од мала вредност во основните судови Скопје 2, Неготино и Делчево, а најнерешени предмети во Основен Суд Скопје 2 според анализата на ЦПИА

Најскапи спорови од мала вредност се во основниот суд Скопје 2, Основен суд Неготино и Основен суд Делчево, а најнерешени предмети во Основен Суд Скопје 2 според анализата на Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) изготвена во рамки на програмата „Подобрување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста во судскиот систем во Македонија”. Анализата е поддржана од Британската амдасада во Скопје, а целта е подобрување на ефикасноста на судовите во државата.

– Анализата за споровите од мала вредност е изготвена во период од 2015 до 2017 година на територија на целата држава. Во тој период имало вкупно 27.002 случаja. Вкупниот број нерешени предмети е 967, а најголема просечна вредност на спорот во овој тригодишен период се движи околу 90.000 денари. Просечниот број рочишта во спор од мала вредност изнесува 2,5 рочишта, рече Ивица Пеповски од ЦПИА, директен изработувач на анализата.

Најмногу спорови од мала вредност се однесувале помеѓу граѓански лица и трговски субјекти, а максималниот број  рочишта во период од 2015 до 2017 година е 26.

– Се што е над десет одржани рочишта се смета за екстремна вредност. Во 18 од 25 судови, 72 отсто имаат случај со одржани повеќе од десет рочишта. Шестотини четириесет и три случаи имаат одржано десет или повеќе рочишта по предмет. Најголем дел од овие случаи се во во Основен суд Скопје 2, односно со повеќе од 70 отсто, потоа во Тетово, Гостивар и Кичево. Бројката треба да се намали за да се намалат и вкупните трошоци, додаде Пеповски.

Посочи дека буџетските трошоци по случај од мала вредност изнесува 3.473 во просек и се движат од 3.000 до 3.940 денари по случај.

– За решени 56.038 спорови се проценуваат вкупно 90 милиони денари. Вкупен приход од спор за мала вредност изнесува 56 милиони денари. Тоа значи дека постои потенцијал за зголемување на ефикасноста, објасни Пеповски.

Треба да знаете
Последни објави