Search

Најскапиот апартман летово во Хрватска чини колу лани најефтиниот

Цените за изнајмување на апартмани и куќи за одмор на хрватското крајбрежје од Јадранското море драстично се намалени  во однос на мината година. Но и со вака ниски цени побарувачката од туристите е многу мала пренесуваат хравтските медиуми.

Според порталот Индекс цената на најскапиот апартман за претсезоната годинава изнесува колку лани што чинел најефтиниот, 40 евра !

Цените на апартманите во 2019 година во претсезоната и по истекот на ударните термини се движеле од 40 до 100 евра, додека во „шпицот“ тие се издавале од 60 до 200 евра на ден.

Годинава цените на апртманите во претсезоната се движат од 25 до 40 евра, а во екиот на сезоната од 45 до 70 евра. Според Индекс цела куќа со сопствен базен може да се изнајми за 114 евра на ден.

И со вакви цени одѕивот кај посетителите е мал. Домаќините очекуваат ситуацијата да се смени по целосното отворање на границите за сите држави.

.

 

Треба да знаете
Последни објави