Search

Најмногу снег во Маврови Анови, најстудено во Берово

Во моментов најмногу снег има во Маврови Анови – 11 сантиметри и Попова Шапка – 4 сантиметри, информираат од Управата за хидрометеоролошки раоботи.

Инаку, утрово најстудено е во Берово, каде температурата е минусни 11 степени, а најтопло во Дојран каде утрово е измерен 0 степен.

Времето утрово е сончево и студено, а преку денот со слаб јужен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13 степени.

Во Скопје сончево со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне 8 степени.

Треба да знаете
Последни објави