Search

Најмногу се разведуваат газди на ресторани, најмалку земјоделци

Секоја четврта брачна заедница на Балкан завршува со развод, а најголем број парови точка на заедничкиот живот ставаат во првите години на бракот. Според податоците на Еуростат најголем број на двојките не дочекуваат заедно ни пет години и се разведуваат во првите три години од брачната заедница. За разлика од порано кога најголем број на парови не се разведуваа поради децата, сега Еуростат вели дека дури 70 отсто од разведените имаат најмалку две деца. Во Европа најмногу се разведуваат во Португалија, дури 72,2 отсто, а најмалку Црногорците и Малтежаните кои остануваат во брак најдолго.  

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови од година во година расте и се зголемува за 4.4 проценти.  Нагодишно ниво таа бројка е 13.781 склучени брак. Бројот на разводите во 2017 година бележи зголемување од 0.5 % во споредба со 2016 година и изнесува 1.994 разведени бракови. Најмалку бракови, 42 или 2.1 %, во текот на годината се разведени во месец август, а најмногу, 224 или 11.2 %, во месец декември. Според возраста на сопругата и на сопругот, најголем број разводи, 387 или 19.4% се случиле во старосната група од 30 до 34 години, за сопругата и 356 или 17.9 % за сопругот.

Она што е чудно вопоследните податоци е дека се разведуваат и луже кои се подолго во брак. Ако порано за стабилни се третираа браковите со прославена „сребрена“ свадба или 25 години во брак, сега статистиката вели дека секој седми разведен брак траел повеќе од 25 години.

Србите имаат слична стапка на развод како Македонците, но и Хрвати, Румуни и Бугари. Во последните 20 години најголем раст на бројот на разводи се забележани во медитеранските земји. Во споредба со 2000 година, бројот на разводи во однос на бројот на склучените бракови е дури трипати поголем во Италија и во Шпанија, односно двојно поголем во Португалија и во Кипар. Во некои европски земји се забележуваат спротивни трендови. Така, бројот на разводот во три балтички земји падна за една третина помеѓу 2000 и 2015 година, во Австрија се намали за една четвртина, а во Велика Британија за петтина.

Истражувајќи кои се “неспоредливите разлики меѓу брачните другари”, најчесто наведени како причина за разводот утврдено е дека нема потврда дека брачните другари слични на возраст или  бракови во кои е многу постар од маж повеќе се разведуваат.  Меѓутоа, некои студии покажуваат дека паровите во коишто жената е постара од мажот, се поподложни на развод. Ни сличноста меѓу партнерите по ниво на образование не гарантира поголема стабилност во бракот.

Од друга страна, истражувањата укажуваат дека слични начела и животен стил влијаат на  долгоројноста на бракот. Студиите, исто така, покажуваат дека таканаречените мешани бракови, било помеѓу имигрантите и домашните жители, или тие меѓу членовите на различни етнички групи, се помалку стабилни отколку бракови помеѓу партнери од истиот потекло. Статистиката вели дека интелектуалци и бизнисмени повеќе се разведуват отколку не образовани партнери.

Најмногу се рзведуваат газди на кафетерии и ресторани, а најмалку земјоделци кои живет во рурални средини.

Валентина Ангеловска

Треба да знаете
Последни објави