Search

Најмногу дожд во Охрид и Лазарополе, во текот на денот врнежите ќе престануваат

Во изминатите 24 часа најмногу дожд има наврнато во Охрид и Лазарополе – три литри на метар квадратен, како и во Скопје, Куманово, Крива Паланка, Маврово, Крушево и Дојран.

Снег има на планините, но малку. На Попова Шапка – три сантиметри, на Маврови Анови и Крушево два сантиметри и во Лазарополе еден сантиметар.

За денеска синоптичарите најавуваат врнежи од дожд, а на планините од снег, но веќе во попладневните часови врнежите ќе преставуваат и ќе ги има само во јужните делови од државата. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10 степени.

Во Скопје слично време со максимална температура до девет степени.

Треба да знаете
Последни објави