Search

Најмалку 94 уапсени и 11 повредени во протестите на „жолтите елеци”во Париз

Најмалку 94 лица се уапсени, а 11 се повредени во денешните протести на „жолтите елеци” во Париз, и за време на судири со полицијата.

Цел на демонстрантите повторно беа продавници за луксузни стоки во близина Триумфалната порта, а судирите со полицијата се случија кога демонстрантите почнаа да фрлаат димни бомби и камења врз полициските службеници.

Полицијата употреби водени топови за да ги растера најагресивните демонстранти лоцирани меѓу продавници на Картие и Мон Блан, а употреби и солзавец.

Демонстрантите запалија автомобилски гуми и кршеа излози, пред се луксузни продавници како Кензо и Лакоста. Во еден од подметнатите пожари повредени се 11 лица.

На денешните собири, кои се одржуваат под слоганот „Ултиматум”, на улицата Шанзелизе се собрале околу 8.000 приврзаници на движењето „жолти елеци”, од кои, според францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер, околу 1.500 се „ултра насилници” кои пристигнале во Париз да предизвикуваат немири и судир со полицијата.

Ова е 18-та сабота по ред на протести на „жолтите елеци” против политиката на претседателот Емануел Макрон.

Треба да знаете
Последни објави