Search

Најмалку 90 загинати во поплавите во Непал

Најмалку 90 лица загинаа во поплавите предизвикани од обилните дождови во различни региони на Непал, објави „ННИ Њуз“ цитирајќи го Министерството за внатрешни работи на Непал, пренесува ТАСС.

Според министерството, најмалку 29 граѓани се водат за исчезнати.

Непалските власти успеале да ги евакуираат повеќе од 3.000 лица погодени од катастрофата од поплавените области. Операцијата за пребарување и спасување продолжува во областа погодена од катастрофата.

Кон крајот на јуни, монсун, најсилниот во последните 10 години, ја погоди Јужна Азија. Обилните дождови предизвикаа проблеми со транспортот, уривање на згради и бројни несреќи.

Треба да знаете
Последни објави