Search

Најмалку 85 загинати по саботната експлозија на цистерна со гориво во Танзанија

По експлозијата на цистерна со гориво, за време на викендот, во источна Танзанија, до денеска загинаа најмалку 85 лица, соопштија регионалните власти.

Цистерната, во саботата, ја зафатил пламен додека маса народ се собирала да извади гориво од возила во местото Морогоро, на околу 200 километри западно од комерцијалната престолнина Дар ес Салам.

Владини извори првично соопштија за 60 загинати.

-Официјалната бројка на загинати сега изнесува 85, а 17 жртви со изгореници се примени овде во регионалната болница и сега се во стабилна состојба, за британските медиуми телефонски изјави регионалниот комесар на Морогоро, Стефан Кебве.

Повеќе од 20 преживеани се префлени и добиваат медицинска помош во најголемата танзаниска референтна болница во Дар ес Салам, изјави комесарот Кебве.

Официјални лица соопштија дека некои членови на семејствата правеле ДНК тестови за да ги идентификуваат телата кои беа изгорени до степен на непрепознатливост.

Танзанискиот премиер, во неделата, побара официјална истрага за владините агенции да дадат одговори за причините на катастрофата, пренесоа британските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави