Search

Најмалку 35 загинати во автобуска несреќа во Саудиска Арабија

Најмалку 35 лица загинаа и четворица други се повредени во вчерашната сообраќајна несреќа во саудиската провинција Медина, изјави портпаролот на регионалната полиција, пренесува ДПА.

Автобус во кој имало 39 иселеници од азиските и арапските земји се судрил со тешка градежна машина во близина на Ал-Ахал, град во саудиската провинција Медина, изјави портпаролот.

-Надлежните веднаш отворија истрага за инцидентот, додаде тој, пренесе ДПА.

 

Треба да знаете
Последни објави