Search

Најмалку 32 загинати во силната експлозија во шиитската џамија во Кандахар

Најмалку 32 лица загинаа, а 53 се повредени во силната експлозија во шиитската џамија во авганистанскиот град Кандахар, за време на петочната молитва, изјави портпаролот на локалната болница.

Иако портпаролот на талибанците во првичната изјава рече во нападот има седум загинати и 15 ранети, Би-Би-Си јави дека има многу повеќе жртви.

Снимките што се појавија на социјалните мрежи покажуваат верници како бегаат во паника.

Иако се уште никој не ја презеде одговорноста за нападот, дописник на Би-Би-Си од Авганистан на Твитер напиша дека се очекува Исламска држава наскоро да соопшти дека тоа е дело на нивни бомбаш-самоубиец.

Пред точно седум дена речиси идентична експлозија имаше и во џамија во провинцијата Кадуз, каде најмалку 100 лица загинаа, а за која се уште никој не ја презеде одговорноста.

Светските медиуми, вклучувајќи ги и Би-Би-Си и АФП, јавија дека ова е војна што ИД ја води против талибанците.

Иако членовите на милитантната група често истакнуваат дека ИД била „истребена” од Авганистан и дека сите нејзини членови ја напуштиле земјата минатиот месец, познавачите на ситуацијата се убедени дека лидерите на ИД користат бомбаши самоубијци за да предизвикаат што поголема штета и да ги поразат талибанците.

Треба да знаете
Последни објави