Search

Најмалку 30 цивили загинале во американски бомбардирања во Авганистан во мај

Најмалку 30 цивили беа убиени во бомбардирања на САД врз неколку наводни објекти за производство на дрога во западен Авганистан во мај, соопшти агенција на ОН во извештај објавен денеска.

Американската војска веднаш ги оспори наодите.

Мисијата на ОН за помош во Авганистан (УНАМА) во соопштение нагласува дека „утврдила 39 цивилни жртви (30 смртни случаи, пет повредени и четири неодредени), вклучувајќи и 14 деца и една жена, заради воздушните напади од 5 мај”.

Треба да знаете
Последни објави