Search

Најмалку 30 цивили загинаа во воздушен напад на авганистанските сили

Најмалку 30 цивили загинаа, а 40 се повредени во воздушни напади на авганистанските сили за безбедност со поддршка на американските сили. Нападот, кој бил извршен синоќа, имал за цел уништување на засолништа на екстремисти на Исламска држава, но како што соопштија владини претставници, по грешка се погодени цивили.

Нападот бил извршен со беспилотни летала , а жртвите биле селани кои работеле на поле. Министерството за одбрана во Кабул потврди дека имало напад, но не откри никакви податоци за жртвите.

Претставници на американските сили не биле достапни за коментар.

Треба да знаете
Последни објави