Search

Најмалку 21 жртва при лавини во Авганистан

Најмалку 21 лице загина во серија лавини што вчера ја погодија Дајкунда, централна провинција во Авганистан, соопштија властите.

Како што кажа портпаролот на Министерството за вонредни ситуации, седум лица се водат за исчезнати, додека 10 се повредени, јави „АП“.

Во лавините уништени се околу 50 куќи, а жртвите се членови на две семејства.

Спасувачките тимови бараат преживеани, а поголем број патишта се затворени поради опасност од нови лавини.

Оваа зима во тој дел на Авганистан беше многу тешка, со обилни снежни врнежи, лавини и поплави. Вкупниот број настрадани во временските непогоди во последните неколку месеци изнесува 72 лица

Треба да знаете
Последни објави