Search

Најмалку 20 загинати при бомбашки напад пред болница во Авганистан

Најмалку 20 лица утрово загинаа, а повеќе од 90 се повредени во напад со камион-бомба брз болница во Авганистан.

Одговорноста за нападот врз болницата бо провинцијата Забул ја презедоа талибанските бунтовници. При силната експлозија на камионот-бомба е уништен еден дел од болницата, како и многу возила на итната медицинска помош.

Веднаш по експлозијата се појавија контрадикторни информации за бројот на жртвите. Портпарол на гувернерот на провинцијата изјави дека настрадале 12 лица и спасувачки екипи пребаруваат под урнатините, додека шефот на провинциската влада Ата Џан Хакбајан нагласи дека животот го загубиле 20 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави