Search

Најмалку 18 убиени во северна Нигерија

Најмалку 18 луѓе се убиени во северната нигериска држава Катсина од страна на вооружени напаѓачи, соопштија полициски извори.

Околу 500 мажи со мотоцикли, од кои некои вооружени со автоматски пушки, вчера поминале низ селото Сабон Гарин, каде што убиле најмалку 18 лица, меѓу кои и локалниот службеник Абдулхамид Сани (55), по неуспешниот обид за киднапирање.

Напаѓачите украле и илјадници животни од селото.

Портпаролот на полицијата Гомбо Иса ги потврди наводите на очевидците дека напаѓачите заедно со украдената стока се упатиле кон другите села во нигерискиот регион Батсари и дека многу жители избегале од своите домови.

Тој рече дека полицијата ги пребарува шумите за да ги најдат напаѓачите.

Минатата година во слични напади на криминални вооружени банди беа убиени стотици луѓе во северозападна Нигерија.

Оваа најнаселена африканска земја се бори со голем број други безбедносни проблеми предизвикани од радикалните исламисти и насилството меѓу сточарите во централните региони.

Треба да знаете
Последни објави