Search

Најмалку 18 загинати цивили во воздушен напад на сириски власти во провинцијата Идлиб

Најмалку 18 цивили погинаа во денешните напади на сириските власти од воздух во провинцијата Идлиб, во пресрет на почетокот на прекинот на огнот, соопшти опозицискиот Центар за мониторинг на човековите права.

Бомбадирани биле три подрачја во Идлиб, наведе Центарот и додаде дека руските сили, сојузници на властите во Дамаск, најавија примирје од недела на полноќ.

Идлиб во голем дел е под контртола на џихадистичката група Хајат Тахрир ал Шам и на други бунтовнички групи. Властите кои контролираат околу 70 отсто од сириската територија, во неколку наврати соопштија дека се одлучни да ја поврарат контролата и врз Идлиб.

Треба да знаете
Последни објави