Search

Најмалку 17 луѓе загинаа во пожар во хотел во Њу Делхи

Во пожар што избувна во хотелот „Арпит Палас” во центарот на главниот град на Индија, Њу Делхи загинаа најмалку 17, а повеќемина се повредени.

Помеѓу загинатите се и мајка со дете, кои загинаа откако скокнаа од прозорец за да се спасат од огнот.

Огнот е изгаснат, а пожарникарите до сега спасија 35 луѓе. За време на пожарот во хотелот со 65 соби имало околу 150 гости

Пожарите во Индија се чести поради лошите стандарди за безбедност и не применувањето на прописите.

Треба да знаете
Последни објави