Search

Најмалку 17 загинати во пожар во незаконска клиника за наркозависници во Еквадор

Најмалку 17 лица загинаа и 12 се повредени во пожар во клиника за рехабилитација на наркозависници во Еквадор.

Пожарот избувнал откако пациенти запалиле душеци во обид да избегаат од клиниката која немала лиценца за лекување наркомани, соопшти полицијата.

Покрената е потера по сопствениците и раководството на клиниката.

Треба да знаете
Последни објави