Search

Најмалку 17 загинати во автобуска несреќа во Дубаи

Најмалку 17 луѓе од различни националности загинаа, а повеќемина се повредени кога автобус удрил во сообраќаен знак покрај пат во Дубаи, јави Би-Би-Си.

Во возилото, кое припаѓа на автопревозничката компанија „Муасалат” од Оман, имало 31 патник, а несреќата се случила на патот што го носи името на шеикот Мохамед бин Зајед.

Индиските власти соопштија дека меѓу загинатите има осуммина државјани на Индија и  дека меѓу повредените има Индијци.

Засега нема податоци за националноста на останатите жртви.

Локалните медиуми пренесуваат дека возачот е повреден, а истрагата е во тек.

Компанијата „Муасалат” ги прекина сите автобуски линии меѓу оманската престолнина Мускан и Дубаи во Обединетите арапски емирати.

Треба да знаете
Последни објави