Search

Најмалку 15 жртви во свлечиште во Индија

Свлечиште предизвикано од големи дождови однесе најмалку 15 животи на плантажа со чај во државата Керала во јужна Индија, а спасувачите трагаат по повеќе од 50 лица за кои се смета дека се затрупани под земја, соопштија локалните власти.

Свлечиштето во областа Идуки се случило во раните утрински часови додека работниците на плантажата спиеле. До сега се пронајдени 15 тела, а се смета дека уште 51 лице се заробени под слоеви земја.

Според локалните медиуми, екипа на Националните сили за помош при катастрофи пристигнала на самото место, но маглата спречува употреба на хеликоптери.

Еден локален полицаец изјави дека 12 лица се спасени, додека 70 се водат како исчезнати.

Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвената полумесечина, соопшти дека од почетокот на поплавите во јуни повеќе од 550 луѓе загинале во Индија, Бангладеш и Непал, додека повеќе од 9,6 милиони луѓе се раселени низ Јужна Азија.

Треба да знаете
Последни објави