Search

Најмалку 13 венецуелски војници пребегнаа во Колумбија

Бројот на припадниците на венецуелските безбедносни сили кои ддезертираат и пребегнуваат во Колумбија се зголеми на најмалку 13, изјави портпаролот на колумбиските миграциски власти.

Десет членови на Националната гарда и двајца полицајци ја преминале границата и влегле во колумбискиот регион Норте де Сантандер, од каде венецуелската опозиција се обидува да донесе хуманитарна помош во земјата, рече портпаролот.

Портпаролот соопшти дека уште едно лице „се предало” на колумбиските власти во регионот Араука, јави ДПА.

Треба да знаете
Последни објави