Search

Најмалку 11 работници загинаа при уривање на кран на бродоградилиште во Индија

Голем кран се урна за време на тест за оптоварување на државното бродоградилиште во јужниот индиски град Вишахапатнам, при што загинаа најмалку 11 работници.

На телевизиска снимка се гледа како новиот кран паѓа на земја на државното бродоградилиште „Хиндустан Шипјард” во пристанишниот град Вишакхапатнам, во државата Андра Прадеш во јужна Индија.

Властите соопштија дека кранот се урнал врз работниците кои работеле на дигалката или биле во нејзина близина.

Петмина работници се хоспитализирани со повреди.

Во моментов се води истрага за несреќата.

Треба да знаете
Последни објави