Search

Најмалку 10 повредени при експлозија на гас во станбена зграда во Виена

Најмалку 10 лица се повредени попладнево при експлозија на гас во една петкатна станбена зграда во австрискиот главен град Виена.

Како што соопшти локалната полиција, по експлозијата се урнал дел од зградата, па не е исклучно билансот на жртвите да биде поголем.

Болнички извори информираа дека неколкумина од повредните лица се наоѓаат во критична состојба.

По инцидентот полицијата ја блокираше улицата во која се наоѓа зградата, а на местото на настанот пристигнале неколку противпожарни и амбулантни возила.

Причините за експлозијата засега не се познати.

Треба да знаете
Последни објави