Search

Најмалку 10 мигранти загинаа откако брод потона на брегот на Либија

Најмалку 10 мигранти загинаа откако нивниот брод потона на брегот на Либија, во близина на западниот град Сабрата, пренесоа либиските власти.

Ајман Дабаши, портпарол на безбедносните операции на Сабрата, изјави дека околу 17 други лица биле спасени.

Западниот брег на Либија е главната точка од каде што мигрантите кои бегаат од сиромаштијата и војните заминуваат за да стигнат до Европа, иако нивниот број опадна откако Италија и Европската Унија ги засилија напорите за поддршка на либиската крајбрежна стража.

Според еден од преживеаните мигранти, бродот пренесувал околу 27 нелегални имигранти кои тргнале од (западниот град) Зувара.

„Спасивме околу 17 илегални имигранти, меѓу кои и една жена, и сите беа однесени во болница. Има уште околу десет тела на други мигранти“, рече Дабаши.

Мигрантите доаѓаат од различни супсахарски земји.

Агенцијата за миграции на Обединетите нации, ИОМ, рече дека 15 преживеани биле однесени в болница, но сè уште не се знае колку луѓе биле на бродот.

Треба да знаете
Последни објави