Search

Најмалку шест лица уапсени близу Амбасадата на Белорусија во Москва

Руската полиција уапси најмалку шест лица во близина на Амбасадата на Белорусија во Москва, јави ТАСС.

Околу 300 луѓе се собраа да протестираат пред Амбасадата, обвинувајќи за изборен фалсификат на претседателските избори во Белорусија, на кои претседателот Александар Лукашенко освои уште еден мандат.

Руската полиција ги тера демонстрантите да се повлечат од зградата, но улиците не се блокирани и протестирачите се враќаат назад. с

Треба да знаете
Последни објави