Search

Најмалку шест лица починале поради горештините во САД

Најмалку шест лица го загубиле својот живот поради рекордно високите температури во САД, објави радиото Гласот на Америка.

Според властите, жртвите се од сојузните држави Мериленд, Аризона и Арканзас.

Националната метеоролошка служба предупреди од „опасен топлотен бран”, кој во комбинација со зголемена влажност во земјата може да доведе до топлотен удар доколку не се преземат соодветни мерки.

Голем број настани во САД, од фестивали и концерти до спортски средби, се одложени поради невообичаените високи температури.

Медиумот потсетува дека за време на топлотниот бран во јули 1995 година загинаа повеќе од 700 луѓе во Чикаго, каде температурите надминуваа 36 степени Целзиусови.

Треба да знаете
Последни објави