Search

Најмалку шест лица загинаа во поплавите во Франција

Најмалку шест лица го загубија животот во поплавите во југоисточна Франција.

Една од последните жртви беше овчар, кој се обидел да го премине надојдениот поток во своето возило додека одел кон стадото, а неговото тело било пронајдено на четири километри низводно, јавува „Би-би-си“.

Исто така во истиот регион било пронајдено и телото на сопственик на штали, соопштија властите.

Нивото на реките се зголемило при што дошло до поплавување на стотици домови и многу патишта биле пресечени.

Во регионот на Азурниот Брег, некои лица се пријавени за исчезнати.

Треба да знаете
Последни објави