Search

Најмалку шест жртви во експлозијата кај авганистански универзитет

Најмалку шест лица загинаа, а 27 се повредени во експлозија што денеска избувна пред влезот на универзитет во главниот град на Авганистан, Кабул. Меѓу повредените има и студенти кои чекале да одат на испит.

Локалната полиција соопшти дека специјални единици откриле и уништиле и втора болба која била поставена во близина на местото на експлозијата.

Досега ниту една група нема преземено одговорност за нападот.

Треба да знаете
Последни објави