Search

Најмалку четворица прободени со нож во близина на поранешната канцеларија на магазинот „Шарли Ебдо“, осомничените во бегство

Најмалку четири лица се повредени во напад со нож во близина на поранешните канцеларии на францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ во Париз, објавија локалните медиуми повикувајќи се на полициски извори.

Според АП, двајца осомничени напаѓачи се во бегство.

Засега е непознато во каква состојба се ранетите.

Редакцијата на „Шарли Ебдо“ беше нападната од исламистички теоретичари на 7 јануари 2015 година.

Двајцата напаѓачи тогаш убија 12 лица, вклучително и 10 вработени и 2 полицајци, а ранија уште 11 лица.

Треба да знаете
Последни објави