Search

Најмалку четворица мртви во невремето во САД

Најмалку четири лица ги загубија своите животи во невремето што во изминатите два дена ги погоди централните делови на САД, вклучувајќи ги Ајова, Канзас, Мисури и Оклахома, соопшти денеска гувернерот на Оклахома Кевин Стит.

Локалните власти им советуваа на жителите на гратчето Веберс Фолс во Оклахома да ги напуштат своите домови, бидејќи водостојот на реката Арканзас достигна историско високо ниво и се заканува да се излие од коритото.

-Најголемите грижи ни најавуваат новите врнежи. Според прогнозата, се очекува да наврне уште дожд во Тулса и северниот дел на Оклахома, изјави пред новинарите гувернерот Стит.

Според временската прогноза, во ноќта помеѓу среда и четврток, се очекува невреме во Оклахома, Мисури и Канзас.

Треба да знаете
Последни објави