Search

Најмалку тројца загинати во невремето во Полска

Најмалку три лица загинаа, а 22 се повредени во во Полска во силното невреме кое денеска го зафати планинскиот венец Татри на границата со Словачка. Уште едно лице загина на словачката страна на Татрите.

Според дел од полските медиуми, гром удрил во група туристи на врвот Гевонт, кој е висок 1.894 метри при што загинаа три лица, а повредени се 22.

На врвот Гевонт во 1901 година е поставен железен крст со висина од 15 метри, кој привлекува громови.

Спасувачки екипи се обидуваат да спасат и две лица кои се заробени во пештера на Татрите во полскиот дел. Излезот на пештерата е поплавен.

Треба да знаете
Последни објави